Битолска пита со сирење прелиена со млеко

Состојки
- 700 гр брашно
 - 1/2 квасец
 - 150 гр маргарин
 - 1 лажичка сол
 - Фил
 - 400 гр сирење
 - 2 јајца
 - 150 мл јогурт
 - Прелив
 - 1 филџан млеко
 
Подготовка
Еве еден прекрасен зелник, пита... од золва ми Лиле од Битола. Брз, лиснат и вкусен кој веднаш се изеде.
 1. Се замесува тестото понамеко од брашно, вода, сол и квасец кој претходно е стасан. Се меси убаво да се добие мазно тесто. Се намрсуваат рацете со масло. Се дели тестото на две топки. Едното тесто се дели на 2 топчиња. Се расукува топчето и се премачкува со маргарин. Врз него се става расученото второ топче и се остава да одмори. После 20 минути се сучи голема кора која се премачкува со маргарин, па се преклопува од десната страна навнатре и тој дел се премачкува со маргарин. Потоа десната страна се преклопува навнатре и таа се премачкува. Одоздола се зема тестото нагоре и се преклопува како плик. Сето време се премачкува со маргарин. Се остава да покисни тестото. Ова е долната кора од тепсијата. Исто се прави и со другата топка тесто кое се дели на 2 дела. Се повторува постапката.
 Се сучи долга кора колку плахот и се става фил.
 2. Фил. Во сад се става сирењето јајцата и јогуртот. Се посолува и се става малку масло.
 3. Врз филот се става другата кора и кисне 10мин. Се печи во загреана рерна 250С-30мин. Откако ќе биде испечено се прелива со филџан млеко и се враќа во исклучената рерна.На здравје!!!