Кифли - тиквички со сланина и морков во тестото
Состојки
- Тесто
- 1 варен морков
- 850 гр брашно
- 1 квасец
- 1 лажица шеќер
- 2 лажички сол
- 200 мл млеко
- 200 мл млака вода
- 100 мл масло
- За премачкување
- 2 лажици растопен маргарин
- 1 јајце
- 50 мл млеко
Подготовка
1. Се замесува тестото убаво за да не се лепи за рацете. Во него се додава и варениот згмечен морков. Се остава тестото да одмори 30 мин.
2. Надојденото тесто се сечи на 10 дела и се остава да стаса. Може да се подели тестото по ваш избор. Се плеска топчето тесто, внатре се става парче сланина и се прави топче.
3. Се зема конец (јас правев со обичен конец) и се става конецот унакрст на 4 дела за да се добие 8 делови. Така да кифлите изгледаат како тикви.
4. Така приготвените тикви-кифли се ставаат во плех се премачкуваат со јајце и млеко и се печат на 180С, 25 мин. Печените кифли се оставаат да оладат, па потоа се вадат конците. Се премачкуваат со растопен маргарин.