Испечати

Чоколаден сладолед со кајсии

Чоколаден сладолед со кајсии

Состојки

  • 2 дл слатка павлака
  • 2 лажици мед
  • 1 лажица сок од лимон
  • 4-5 кајсии
  • 1 лажица кисела павлака
  • 50гр чоколадо

Подготовка

Убав,кремаст и освежителен сладолед!

Прво касиите измиете ги и исечете ги на ситни парчињаДоколку се зрели како моите изгмечете ги со вилушка, доколку не,изблендирајте ги. Во кајсииите додадете го медот и сокот од лимон.
Чоколадото стопете го и оставете да се олади малку.
Слатката павлака се мати со миксер, се додава киселата павлака и стопеното чоколадо.
На крај се додаваат кајсиите
Ставете во сад и оставете во замрзнувач неколку часа па послужете.
Добар апетит!