Испечати

Солени мафини со сланина

Солени мафини со сланина

Состојки

  • 5 јајца
  • 150 гр кисела павлака
  • 1/2 лажичка сол
  • 60 гр пченкарно брашно
  • 80 гр бело брашно
  • 1/2 кесичка печиво
  • 100 гр рендан кашкавал
  • 100 гр сецкана сланина
  • 100 гр сецкани маслинки
  • 100 гр растопен путер
  • сусам за наросување

Подготовка

1. Јајцата пенсто се матат и кога се изматени се додава киселата павлака и солта и се продолжува со матење на најбавно.
2. Се додава пченкарното брашно и се меша, па белото брашно се печивото и повторно убаво се меша. Се додава путерот.
3. На крај се додаваат маслинките, кашавалот и сланината. Смесата се истура во намастен калап за мафини одприлика по две лажици за секој мафин. Се наросуваат со сусам.
4. Мафините се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Послужете....