Мали пици со сланина
Состојки
- За тесто
- 600 мл млеко
- 2 јајца
- 4 лажички сол
- 2 лажички шеќер
- 200 мл масло
- 2 кг брашно
- За фил
- 50 гр маргарин
- 100 мл кечап
- 100 гр сланина ленти
- 150 гр кашкавал
- 100 гр сусам
Се замесува тесто, се остава да кисне. Се дели на помали топчиња како за кифли. Се сукаат и се премачкуваат со растопен маргарин, се редат едно врз друго, така 6-8 топчиња. Така на 5 места. Се оставаат да скиснат, се сучи кора, се премачкува со маргарин и се реди кечап, сланина, оригано и рендан кашкавал. Се витка ролат, се сечат, се превртуваат се остава малку да скиснат и се премачкуваат со јајце и сусам. Се печат на 200 степени зависно од рерната.