Солена торта со праз и пржена сланина
Состојки
- 4 јајца
- 1 филџан (125 мл) масло
- 1 филџан јогурт
- 1 пециво
- 15 лажици брашно
- 2 страка праз
- 120 пржена сланина
Подготовка
Јајцата се матат како за торта. Потоа се додаваат горе наведените состојки. Се додава зејтинот, па јогуртот. На крај се додава брашното во кое се меша пецивото. Во брашното исто така се става и ситно сецканата сланина и дробеното сирење. Во брашното се меша и ситно сецканиот праз. Вака измешаното брашно со сланина, сирењето и празот, се истураат во изматените јајца. Тортата со праз се меша со дрвена лажица.
Добиената изматена смеса се истура во подмачкан плех. Плехот може да биде округол или правоаголен. Можете тортата да ја испечете или во куглоф.
Посолете одозгора со сусам.
Добар апетит!!!