Тестенини со сланина и брокула
Состојки
- 200 гр тестенини по избор (орзо)
- 6 листови сланина
- 1 цвет брокула
- 100 гр рендано сирење (жолто)
- Прелив
- 3 лажици маслиново масло
- 1 лажица вински оцет
- 1/2 лажица буковец
- 1/2 лажичка лук во прав
- 1 лажичка пармезан
Подготовка
Вака подготвени тестенините можат да се послужат како предјадење или како вечера.
Тестенините се варат на стандарден начин во посолена вода според вкусот. Варените тестенини се цедат. Цветот брокула го разлистуваме и вариме на тивок оган околу 2 минути. Сланината ја пржиме додека стане крцкава. Тестенините ги ставаме во чинија и врз неа рендаме сирење. Ги ставаме цветовите брокула па листовите сланина и полеваме со преливот.За преливот,сите состојки(без пармезанот)ги мешаме во сад и по желба полеваме врз тестенините. Згора наросуваме пармезан.
Се послужува топло.