Плескавици со сланина
Состојки
- 500 гр мелено месо свинско
- 150 гр ситно сецкана сланина
- 50 гр презла
- 1 главица кромид рендана
- 1 јајце
- 50 гр кашкавал
- по вкус сол, бибер, мешан сув зачин
Подготовка
Се' се меси заедно и се остава да поседи околу 3 часа за да прими. Сол, мешан сув зачин и бибер се додаваат по желба и вкус. Се пржи на загреано масло или на скара.
Лесни и брзи за правење, а сланината дава посебен вкус...