Испечати

Солени коктел бомбици со крекери, фета и кикирики

Солени коктел бомбици со крекери, фета и кикирики

Состојки

  • 200 гр фета сирење
  • 200 гр кисела павлака
  • 100 гр мелени прстен крекери со сусам Армониа
  • 100 гр толчени кикирики
  • 1 лажичка шарена сол
  • прстен крекери со сусам и кикирики за декорација

Подготовка

Едноставно и вкусно мезе...
Крекерите сомелете ги, а кикириките истолчете ги. Додадете го фета сирењето кое треба да е убаво иситнето и киселата павлака. Зачинете со шарена сол.
Со рака се формираат бомбици кои се ставаат врз еден прстен крекер, па се преклопуваат со друг прстен.
Се декорираат со кикирики.
Оставете да се оладат околу еден час и послужете...