Мекиците од Струга
Состојки
- 400 гр брашно
- прстофат прашок за пециво
- прстофат сода бикарбона
- 1 лажиче сол
- 400 гр кисело млеко
Подготовка
1. Во длабок сад се меша брашното со прашокот за пециво, содата и солта. Се прави кладенче и постепено се додава изматено киселото млеко.
2. Се замесува меко тесто се премачкува со масло и се остава да отстои неколку часа на собна температура.
3. Се земаат топчиња и со раце се прават форми на мекици кои се пржат во топло масло.