Видео рецепт: Здрави колачи со овес и чоколадо
Состојки
- 1 јајце
- 2 лажици ванила екстракт
- 4 лажици светол кафеав шеќер
- 1/8 од лажичка сол
- 1/2 шолја масло од кокос
- 1+1/2 шолја брашно од овес
- 1/2 шолја чоколаден чипс
- 1 лажичка сода бикарбона
Фичо ќе приготви поздрава верзија на американски колачиња, без бел шеќер, без брашно и без путер.
Подготовка
Чекор 1: Кокосовото масло растопете го, но не дозволувајте да прегрее. Мерете го од како ќе го растопите.
Чекор 2: Сите состојки матете ги додека не добиете кремаста структура./p>
Чекор 3: Во Нутрибулетот измелете ги овесните снегулки за да добиете брашно. Внимавајте на мерките бидејќи ако додадете поголема количина на брашно од овес, колачињата ќе бидат суви и ќе се ронат.
Чекор 4: Брашното додадете го во смесата со кокосово масло, додадете ја содата и мешајте убаво да се соедини. Смесата покријте ја со пластична фолија и ставете ја во фрижидер да отстои еден час.
Чекор 5: Загрејте ја рерната на 175 степени. Наредете ги колачињата и печете 10 минути.
Чекор 6: Сервирајте!
СОВЕТ: Купечките брашна може да содржат адитиви, затоа подобро е сами да го направите брашното од овес.