Испечати

Путер крекери со семиња

Путер крекери со семиња

Состојки

  • 2 чаши брашно (чаша од 250 мл)
  • 2 јајца
  • 60 гр путер
  • 10 лажици млеко
  • 10 лажици масло
  • 1 пециво
  • 80 гр рендан кашкавал
  • 80 гр рендано сирење
  • 100 гр потпечен сусам
  • 100 гр чиа семе
  • 1 лажиче сол

Подготовка

Ставете ги сите состојки во една вангла и измесете ги. Ако е потребно ставете уште малку брашно,а тестото не треба многу да го месите, само убаво да се соедини. Ставете го во фрижидер 1 час.
Исучете го танко на набрашнета површина и сечете форми по желба.
Печете ги 15 минути на 180 степени, само да заруменат на краевите.