Испечати

Вкусни уштипчиња

Вкусни уштипчиња

Состојки

  • 250гр. мелено месо
  • 125мл. газирана минерлна вода
  • 2 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 1 чешне ситно сецкано лукче (или поминато низ алатка)
  • 1/2 до 1 средна главица ситно сецкан или рендан кромид
  • по вкус зачини (мешан сув зеленчук, црна пипер, сол)
  • по потреба масло за пржење

Подготовка

Одлично мезе...
Едноставни, лесни за правење...
Малку пржењето, ама се исплати :))))

Од сите наведени состојки се прави смеса и се остава да отстои во фрижидер околу 1 час.
Потоа со помош на две мали лажички, без да се промеша смесата, се зема од неа и се спуштаат во загреаното масло да се пржат на умерен оган.
Се ставаат на кујнска хартија, за да се впие вишокот мрснотија.
Сервирајте ги со вашиот омилен дип.....
По желба во смесата можи да се додади и сецкан магдонос.
На здравје!