Брзи грицки
Состојки
- 500 гр брашно може пола бело пола црно или интегрално
- 50 гр ленено семе
- 50 гр семки од сончиглед
- 50 гр сусам
- По вкус сол
- 200 мл масло
- 200-300 мл минерална (кисела вода)
Подготовка
1. Од сите состојки се замесува тесто со додавање на сите семиња
2. Се развива кора со сукало
3. Се сечат грицки со нож долгунести ленти или други форми по ваш избор
4. Се редат во плах обложен со хартија за печење во рерна на 200 степени 15 минути