Ќофтиња од хељда и кашкавал
Состојки
- 1 чаша ( 200 мл) хељда
- 2 главици кромид
- 50 гр путер
- по потреба масло
- 200 гр кашкавал
- 3 јајца
- по потреба брашно
- по вкус сол и црн пипер
Подготовка
1. Хељдата се вари во посолена вода, потоа ја цедиме од водата и чекаме да се олади.
2. Кашкавалот се ренда, кромидот се сецка и се пржи со путер.
3. Хељдата, кромидот и кашкавалот се мешаат, потоа се додава јацата и зачините.
4. Од оваа смеса се прават ќофтињата кои се валкаат во брашно и се пржат во загреано масло.
Приготвените ќофтиња се валкаат внимателно со брашното да не се растураат.