Полско Пиероги Суфле
Состојки
- За тесто
- 1/2 кг брашно
- 1 јајце
- 300 мл млака вода
- За полнење
- 2-3 варени компири
- 150г крем сирење
- За прелив
- 2 чаши кисела павлака
- 6 јајца
- 1/4 чаша стопен путер
- 1 лажица пченкарно брашно
- 1/2 лажичка сол
- И уште
- 2-3 главици кромид
Подготовка
Најпрво се прават Пиерогите. Се замесува тесто од состојките. Оставаме тестото да одстои, а за тоа време го правиме филот.
Варените компири ги пасираме и се мешаат со крем сирењето. Одстојаното тесто се развлекува на побрашнета маса и со округла модла 5-6 см, се ваѓаат кругови, се става фил на средина и со друг круг поклопуваме и затвораме по страните со вилушка. Се варат во 1л зовриена, посолена вода, со 1 лажица масло, околу 10 мин. Кога ќе испливаат на површината готови се. Се цедат и се оставаат настрана.
Се прави преливот. Најпрво се сецка ситно кромидот и се пржи на маслиново масло, јас додадов и ситно сецкана сланина. Се пржи на средна температура, покриен, со повремено мешање, додека не стане кафеав. За тоа време се матат јајцата со павлаката, додека не станат густи. Се додава стопениот путер, брашното и солта и матиме додека убаво не се соеднинат. Кога е готов кромидот се распоредува во тавата, која ја премачкуваме со малку путер, над неа се редат Пиерогите, јас нарендав и кашкавал и ставив и малку кечап и оригано и над ова го турив преливот. Печеме во претходно загреана рерна на 170 степени, околу 40 мин. Послужуваме со кисела павлака.