Бомбици од алва со гриз и лешници (посно)
Состојки
- 1 чаша ( 250 мл) гриз
- 1.5 чаша шеќер
- 2 чаши вода
- половина чаша масло
- 1 пакетче ванилин
- 1 лажичка какао
- 100 гр сецкани лешници
Подготовка
1. Гризот и маслото го запржуваме на тивок оган додека не се добие карамелна боја.
2. Потоа се додава шеќерот, лешниците, ванилинот, водата и какаото и сето тоа убаво се промешува. Се пржи на тивко додека не се згусне.
3. Приготвената алва се чека 10-15 минути да олади, а потоа се прават бомбиците.
По желба може да се посолат со какао.