Сусамки - потковици

Состојки
- 3 јајца
 - 250 гр. шеќер
 - 250 гр. маргарин
 - 200 гр. кокос
 - 1кгр. брашно (по потреба)
 - 600 гр. сусам (за валкање)
 - 1 ванила
 - 1 пециво
 
Подготовка
Јајцата и шеќерот убаво се матат. Се додава маргаринот, кокосот, ванилата, пецивото и брашно по потреба да се замеси средно тесто. Се прават потковици, се валкаат во сусам и се печат на умерена температура, внимавајќи да останат со светла боја.
Добар апетит!