Испечати

Гибаница макарони од рерна

Гибаница макарони од рерна

Состојки

  • 500 гр. макарони фусили или пене
  • 5-6 поголеми јајца
  • 300-400 гр. сирење
  • 50 мл. масло
  • 1/2 лажичка копар (по избор)
  • 1 л. кисела вода
  • 1/2 л. млеко

Подготовка

Во подлабок сад ги кршиме јајцата, ги матиме со маталка, ја додаваме киселата вода, копарот, маслото и млекото, убаво промешуваме. Во поголема тава 36 или слична големина ги истураме макароните од кесичката, го дробиме сирењето со раце, ја истураме течноста со јајцата и ставаме во рерна на 200 степени да се пече додека да добие убава боја и коричка. Не се меша додека се пече.