Пирошки од палента

Состојки
- 200 гр палента
 - 200 гр бело брашно
 - 200 гр. сирење (рендано или изгмечено со вилушка)
 - 1 лаж. сол (по потреба)
 - 1 пециво
 - 2 јајца
 - 50 -70 мл млеко (по потреба)
 
Подготовка
Палентата, белото брашно, сирењето, солта, пецивото и јајцата се ставаат во соодветен сад. Со додавање на млеко со помош на лажица се прави хомогена смеса. Од смесата се прават пирошки и се пржат во зејтин.
 Добар апетит !