Чоко гнездо

Состојки
- 100гр црно чоколадо(70% какао маса)
 - 40мл млеко
 - 40гр путер
 - 1 лажица шеќер
 - 60гр мелени бисквити
 - 100гр мелен орев
 - ситен кокос по потреба
 - чоко топчиња по потреба
 
Подготовка
Во мала касерола на тивок оган се ставаат да се соединат млекото, шеќерот, путерот, чоколадото.
 Нека провријаат 1-2 минути.
 Се трга од оган смесата да подизлади,
 Се додаваат бисквитите и оревите.
 Убаво се промешува.
 Се формираат бомбици, се валкаат во ситен кокос и се декорираат со чоколадно топче.