Видео рецепт: Потпечени палачинки со спанаќ
Состојки
- За ПАЛАЧИНКИТЕ ќе ви треба:
- 400 гр. брашно
- 500 мл. млеко
- 100 мл. кисела вода
- 3 лажици растопен путер
- прстофат сол
- 1 лажица шеќер
- 3 јајца
- малку спанаќ
- За ФИЛ ќе ви треба:
- 1 китка брокула
- 2 јајца
- 200 гр. пармезан
- Дополнително ќе ви треба:
- 400 гр. ајдамер
- малку магдонос
- малку рузмарин
Денес Фичо ќе приготви палачинки. Иако палачинките најчесто не потсетуваат на десерт и нешто слатко, овој рецепт е доказ дека палачинките може да бидат и вкусно солено јадење.
Подготовка
Чекор 1: Сите состојки (освен спанаќот) за палачинките убаво изматете ги. Спанаќот ставете го во вода, малку да се провари. Сварениот спанаќ изблендирајте го убаво и додадете го во смесата за палачинки. Оставете ја смесата 15 минути да одмори. Со Апаратот за палачинки направете ги палачинките.
Чекор 2: Брокулите ставете ги во сад со вода да се варат. Разварените брокули ставете ги во Нутрибулет со пармезанот, јајцата и маслиновото масло. Блендирајте да добиете еднолична смеса. Со оваа смеса мачкајте ги палачинките и замотајте ги во ролат.
Чекор 3: Редете ги палачинките во садот за печење и над нив посипете рендан кашкавал. Печете во загреана рерна на 200 степени додека кашкавалот да добие златна боја.
Чекор 4: Сервирајте!
СОВЕТ: Овие палачинки се одличен начин да им послужите зеленчук на децата. Наместо со брокула, може да ги подготвите со друг зеленчук, како моркови или карфиол.