Испечати

Спанаќ лазањи

Спанаќ лазањи

Состојки

  • 500гр. кори за лазања
  • Фил со спанаќ
  • 500гр. спанаќ (чист)
  • 100гр. горгонзола
  • 1 чешне лук
  • по вкус сол и бибер
  • зачини копар и мајчина душичка
  • Бешамел
  • 50гр. путер
  • 4 големи лажици брашно
  • 750мл. млеко
  • 1/2 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка сенф од цели зрна
  • 30гр. пармезан
  • зачини сол. бибер, морско оревче, ловоров лист, мајчина душичка
  • 500гр. моцарела

Подготовка

Поинаков рецепт за лазањи, малку да смениме од класичните. Комбинацијата на спанаќ и горгонзола е одлична. Сирењето е со изразен вкус и мирис, па доколку не сте љубители може да ја намалите количината според вкус, но не го изоставувајте.

1. Во сад на оган ставете малку масло да се загрее. Ставете го чешнете лук ситно сецкано малку да се пропржи, а потоа додадете го постепено сечканиот спанаќ. Оставете да омекне и да пушти течност. Отстранете ја течноста па вратете на оган. Додадете ги зачините и горгонзолата и промешајте додека сирењето не се растопи убаво. Тргнете на страна нека се лади.

2. За бешамелот. Ставете го путерот да се загрее, па додадете го брашното и мешајте постојано. Постепено додавајте топло млеко и мешајте за да нема грутки. Потоа додадете ја половината главица кромид цела и чешнете лук малку притиснато. Додадете ги и останатите зачини, сенфот и пармезанот, промешајте и оставете на сосем тивко малку да прокрчка (2-3 мин). Потоа тргнете и оставете 10тина мин да се излади и да се сконцентрираат вкусовите. Пред редење на лазањите извадете ги кромидот, лукчето и ловоровиот лист.

3. Садот во кој ќе печете премачкајте го со малку путер или масло.
Моцарелата изрендана поделете ја на два дела, едната половина ви е за од горе, а другата за во лазањите.

4. На дното од садот ставете малку бешамел, па кори, повторно бешамел, спанаќ, малку моцарела и се така додека не ги потрошите корите. Јас завршив со спанаќ и половината од моцарелата. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220С, околу 35-40мин. Ако има потреба за да не загори моцарелата покријте со алу фолија.
Оставете малку да се излади па послужете.

Пријатен апетит =)