Испечати

Сурими салата со ориз

Сурими салата со ориз

Состојки

  • 2 чаши (200 мл)ориз + 6 чаши вода
  • 6 јајца
  • 1 конзерва шеќерна пченка
  • 2 паковки ( по 250 гр) сурими стапчиња
  • по потреба мајонез и сол

Подготовка

1. Оризот и јајцата се варат. Сурими стапчињата и варените јајца се сецкаат.
2. Наведените состојки убаво се мешаат.

За приготвување на оваа салата сите состојки треба да бидат ладни, инаку салатата ќе изгуби од вкусот.