Испечати

Едноставни тортички

Едноставни тортички

Состојки

  • Пандишпан
  • 4 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 250 мл. млеко
  • 100 мл. масло
  • 12 лажици брашно
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1 пакетче пециво
  • 1 лажица какао
  • Фил
  • 200 мл. зовриено млеко
  • 200 гр. шеќер
  • 5 лажици мелени ореви
  • остатоткот од пандишпанот

Подготовка

Ги матиме јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, ги додаваме млекото и маслото, па промешуваме. Ги додаваме брашното и пецивото па пак промешуваме и на крајот го додаваме какаото и убаво мешаме додека се да се соедини. Печеме околу 20 минути на 180 степени. Испечениот пандишпан убаво нека се излади. Потоа се вадат крукчиња со чаша со средна големина. Остатокот од пандишпанот се меша со зовриеното млеко, шеќерот и оревите, па тортичките се филуваат.