Испечати

Слатко од портокали и мед

Слатко од портокали и мед

Состојки

  • 4-5 големи портокали
  • Шербет
  • 1 кг шеќер со можност да се намали
  • 500гр мед
  • 1 литар вода
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 лимон само сокот

Подготовка

Додека сеуште има доста портокали да ги искористиме. Еве од мене еден рецепт за слатко кое ме воодушевува секој пат кога ќе ја отворам тегличката. Аромата на портокал е доста интензивна и освежителна така што никој не може да остани рамнодушен, а да не посака да го проба.
1. Портокалите се мијат и се лупат многу тенко само површно да се исчистат од портокаловиот дел
2. Се варат 7 пати со промена на водата, но нека не ве буни тоа не е воопшто тешко, оди доста брзо ако паралелно ставите две садови на оган со вода и со цедалка ги префрлеувате од едниот во другиот сад нормално кога водата ќе зовирие и само кратко се оставаат
3. Се цедат и се оставаат малку да се изладат
4. Се сецкаат на коцки, но не многу ситно

Шербет
Водата шеќерот и медот се ставаат во сад на оган да варат до точка на вриење (Количината на шеќер може да се намали ако портокалите се многу благи)

Во шербетот се додаваат портокалите и се варат околу 1 час. Откако портокалите ќе се сварат, ќе омекнат се додава ванилата и лимонот.
Се остава да излади и се собира во стаклени тегли кои треба цврсто да се затворат.