Испечати

Тесто за разни видови пити

Тесто за разни видови пити

Состојки

  • 350 мл ладна вода
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици киселина
  • 1 лажица маргарин
  • 2 жолчки
  • 1 лажиче сол
  • 15 ге свеж квасец
  • 700 гр брашно (отприлика)
  • 150 гр маргарин (за премачкување)

Подготовка

Измесете убаво, меко, нелепливо тесто од сите состојки, поделете го на два дела и ставете го во фрижидер половина час.
Секое парче тесто расучете го и премачкајте го со половина од маргаринот. Пресечете ја кората на 4 дела, наредете ги парчињата едно врз друго и од нив завиткајте ролат. Истотот направете го и со другото тесто. Ставете ги ролатите во фрижидер час и половина отприлика.
Секое парче тесто развијте го колку што ви е тепсијата во која ќе печете со тоа што горната кора расучете ја повеќе, да добиете набори.
Филот направете го по ваша желба, кај мене е спанаќ со изварка и јаца. Одозгора намрсете ја питата со масло и наросете ја со сусам. Печете во загреана рерна на 200 степени додека не порумени.