Испечати

Зебра колач

Зебра колач

Состојки

  • 5 јајца
  • 100гр. шеќер
  • 200мл. масло
  • 1 пециво
  • 320гр. бело брашно
  • 4 лаж. чоколадно какао
  • 120мл. топло млеко
  • шеќер во прав

Подготовка

Белките ги делиме од жолчките.

Во подлабок сад ги биеме белките во цврст снег и го додаваме шеќерот и биеме се додека шеќерот не се истопи.

Постепено потоа ги додаваме и жолчките една по една постојано матејќи.
Матиме со најмалата брзина на миксерот и полека ги додаваме млекото и маслото.
Кога се убаво ќе се соедини го додаваме брашното и пецивото.
Вака направената смеса ја делиме на два дела.
Едниот дел останува бел, а во другиот го додаваме какаото и убаво промешуваме за да нема грутчиња.

Во тркалезно тавче и намрсено бр.28 најпрво турваме 2 лажици од белата смеса и врз белата турваме 2 лажици од темната смеса.

Вака правиме наизменично со двете смеси се додека не ги потрошиме.

Кексот го печиме во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

Колачот ладен го наросуваме со шеќер во прав.
Уживајте!!!