Испечати

Чоколатца

Чоколатца

Состојки

  • 100 грама млечно чоколадо
  • 100 грама чоколадо за готвење
  • 100 грама еуро крем
  • 100 грама сецкани лешници
  • 30 хартиени корпи

Подготовка

Во тенџерче ги ставаме еуро кремот и чоколадите искршени на коцки на тивок оган да се растопат. Мешаме додека не се растопи и изедначи смесата. Потоа ги додаваме и исечканите лешници. Промешуваме и со мала лажичка полниме од смесата во хартиените корпи. Ги ставаме чоколатцата во фрижидер да се стегнат и послужуваме.