Испечати

Фритули во сос од шафран

Фритули во сос од шафран

Состојки

  • 1 чаша ( за млеко) полна брашно
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • 1лажица шеќер
  • 1/2лажиче сол
  • 1лажиче пециво
  • 1/4лажиче сода бикарбона
  • 2лажици јогурт
  • 3лажици млеко
  • сос
  • 1/2 чаша шеќер
  • 1/2 чаша вода
  • 1 лажиче шафран
  • 1/2 лажиче цимет
  • 1/4 лажиче коријандер во прав
  • 1/4 лажиче ѓумбир во прав
  • 1 лажиче сок од лимон
  • масло за пржење

Подготовка

Прво го подготвуваме сосот од шафран.
Ароматичен, вкусен, со убава боја.
Во мала касерола ги ставаме шеќерот, водата, шафранот, циметот, ѓумбирот и коријандерот да вријаат на тивко 5 минути.
Ги тргаме од оган и течноста ја процедуваме низ мала ситка.
Го додаваме сокот од лимон.
Сега во една вангличка прво ги соединуваме млекото, јогуртот, жолчката, јајцето, пецивото, содата. Убаво промешуваме.
Го додаваме брашното.
Се меша. Ја оставаме смесата да одстои 10 минути.
За тоа време на тивок оган го ставаме маслото да се загрее.
Со намрсено лажиче вадиме од смесата и внимателно ги спуштаме во маслото.
Ги пржиме до заруменување.
Ги редиме на хартиени салфети (и покрај тоа што воопшто не се мрсни).
Ги сервираме со веќе приготвениот сос.

Користена е чаша од 250мл.