Испечати

Салата со телешко месо

Салата со телешко месо

Состојки

  • 500 гр телешко месо
  • 1 ловор лист
  • 1 морков
  • 1 кисело јаболко
  • 1 лажиче сенф
  • 2-3 лажици мајонез

Подготовка

Месото со ловорот и морковот посолете го и сварете го.
Морковот изгмечете го, а месото ситно исечкајте го или изблендирајте го.
Јаболкото изрендајте го на покрупно.
Ставете ги и другите состојки и убаво со рака измесете ја смесата.
Декорирајте по желба.