Урнебес салата со ајвар
Состојки
- 400 гр. ајвар
- 2 главички лук
- 300 гр. изварка (урда)
- 5-6 јатки (ореви исчистени)
- 1 лажица маслиново масло
- сол по потреба зависно од соленоста на изварката
Подготовка
* Јатките и исчистениот лук (чешнињата) се сечкаат на ситно и се ставаат во подлабок сад.
* Се додава ајварот, по желба лут или не лут, изварката и маслиновото масло, се измешува сето убаво и по потреба се додава сол.
* Се чува во фрижидер и се служи ладен.
Урнебесот кој може да се служи како прилог или салата, кај нас се подготвува на овој начин. Ако ставите бело сирење (изрендано) наместо изварка, урнебесот ќе уште повкусен и далеку поквалитетен.