Солени цветчиња-грицки со сусам, сончоглед и кикирики

Состојки
- 100мл млеко
 - 250гр брашно
 - 15гр свеж кавасец
 - 50гр потпечени лупени кикиритки
 - 50гр лупен сончоглед
 - 50гр потпечен сусам
 - 1/2 лажиче шеќер
 - 1 рамно лажиче сол
 - 1/2 лажиче триена сол
 - 50гр растопен путер
 
Подготовка
Прво во сецко се ставаат кикиритките, сусамот, сончогледот и се сецкаат, не мора да се многу ситно сецкани.
 Сега во млакото млеко се става квасецот со шеќерот и малку брашно.
 Се промешува. Кога е активиран се додаваат сите останати состојки и се замесува тесто.
 Се остава 10 минути да одмори.
 Потоа се сучи кора, дебела 5мм и со калапче се вадат цветчиња.
 Се редат во плех. После 10 минути се печат на 190 с. Околу 20 минути.
Овие грицки настанаа со цел да го искористам калапчето кое ми е подарок од Вале. И воопшто не згрешив, одлични се.