Испечати

Колач со суво овошје

Колач со суво овошје

Состојки

  • 2 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 2 лажици врела вода
  • 2 лажици масло
  • 2 лажички пециво
  • 50 гр сецкани ореви
  • 50 гр сецкано суво овошје ( банана, киви, јагода, портокал)
  • 1 црно чоколадо за готвење
  • 2 лажици масло

Подготовка

1. Јајцата ги матиме со шеќерот. Ги додаваме брашното, маслото, водата и пецивото. Мешаме со лажица.
2. Во смесата ги додаваме оревите и сувото овошје.
3. Смесата ја ставаме во калап во форма на срце претходно премачкан со маргарин.
4. Колачот го печиме на 180 степени.
5. Чоколадото го топиме заедно со маслото. Тортата ја премачкуваме со него. Декорираме со сецкани ореви