Испечати

Лепче со маслинки и суви домати во мулти пекач

Лепче со маслинки и суви домати во мулти пекач

Состојки

  • 300 гр бело брашно
  • 200 гр црно брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 лажички сув квасец
  • 300 мл млака вода
  • 100 гр суви домати
  • 100 гр маслинки
  • 2 чажици маслиново масло

Подготовка

Брашното, солта, квасецот, шеќерот водата и маслото се ставаат во мулти пекачот на програма за интегрален леб, кај мене е 3 час месење, надојдување и печење. По десетина мунути откако ќе почни да го меси тестото се додаваат ситно сецкани сувите домати и маслинките. По изминатото време од 3 часа добиваме свежо печено вкусно лепче.
Ако немате мулти пекач можете да го направите ова лепче на вообичаен начин.
Се замесува тестото со сите состојки се остава да надојди и се пече во тава по ваша желба во рерна околу 30 минути на 200 степени.