Срце мини тортици
Состојки
- Пандишпан
- 4 јајца
- 5 лажици шеќер
- 5 лажици брашно
- 2 лажици масло
- 1 лажица афион
- 8гр пециво
- 1 ампула(од 2мл) рум екстракт
- Фил
- 250мл. млеко
- 3 лажици гриз
- 1 ванила
- 40гр. шеќер
- 50гр. путер
- 30гр. бело млечно чоколадо
- За чоколадирање
- 180гр чоколадо за готвење(50%какао)
- 3 лажици масло
- неколку кандирани цреши
Подготовка
Пандишпан
Пенесто изматете ги јајцата и шеќерот.
Додајте го маслото и проматете уште сосема малку.
Додајте го брашното измешано со пецивото, афионот и румот.
Измешајте убаво со жица.
Истурете ја смесата во плех обложен со хартија.
Печете на 180 степени, 15 минути.
Испечениот пандишпан оставете го да олади, а потоа од истиот со калап во форма на срце вадете мали срциња.
Фил
Во касерола ставете ги млекото, гризот, ванилата и шеќерот.
Мешајте додека се згусти, а потоа оставете да се олади.
Путерот пенесто изматете го,па додајте го оладениот фил и претходно растопеното и оладено бело чоколадо.
Со миксер соединете го убаво филот.
Земете едно пандишпан срце и нанесете од филот.
Поклопете со друго пандишпан срце.
Истото направете го и со останатите пандишпан срциња и фил.
Ставете ги во фрижидер да се стегнат.
Во меѓувреме на пареа растопете го чоколадото со маслото.
Изладените тортици потопете ги во растоеното чоколадо и оставете ги на хартија за печење да се стегне чоколадото.
Украсете по желба(јас со кандирани цреши).
Од оваа доза излегуваат 7 тортици, може слободно да дуплирате, се јадат ептен брзо!