Солени бомбици
Состојки
- 300 гр солена изварка
- 1 чешне лук
- 50 гр ситно сечкана чајна
- 1 лажица мајонез
- 50 гр потпечени ореви
- 50 гр сусам
Подготовка
Брз начин за подготовка на убави, солени бомбици.
Лукчето истолчете го со малку сол а чајната ситно исечкајте ја. Оревите малку потпечете ги и истолчете ги заедно со лукчето.
Сите состојки убаво измесете ги и правете бомбици. Испрпелајте ги во пропржен сусам на сува тава.