Брзи солени срциња со власец

Состојки
- 4 јајца
 - 150 мл масло
 - 200 мл јогурт
 - 200 гр павлака
 - 18 лажици брашно
 - 1 прашок за пециво
 - 400 гр сирење
 - 1 мал страк власец
 - 1 лажичка сушен лук (може и други зачини како рузмарина, оригано, босилек и сл.)
 
Подготовка
1. Модлите добро се премачкуваат со путер и со брашно на прстите. Рерната се загрева на 180 степени.
 2. Добро се матат јајцата и се додава маслото, јогуртот и павлаката.
 3. Се наросува брашното низ сито заедно со прашакот за пециво и добро се промешува.
 4. Се додаваат зачините и сирењето рендано или искршено. Се промешува.
 5. Модлите се полнат нешто повеќе од половина и од горе им се ставаат семињата.
 6. Се пече околу 40 мин.
Во смесата може да се додадат и сушени домати, кромид, кисели краставички, некоја салама и сл.