Ржани кифли
Состојки
- 40 гр свеж квасец
- 1 јајце
- 130 мл топло млеко
- 130 мл јогурт
- 5 лажици маслиново масло
- 1 лажиче сол
- 2 лажички шеќер
- 250 гр ржано брашно
- 250 гр бело брашно
- 70 гр маргарин за премачкување на коричките
- 1 јајце за одозгора
- 40 гр лупен сончоглед
Подготовка
Прво во топлото млеко се ставаат шеќерот, квасецот и малку брашно.
Се промешува и нека се активира.
Потоа во вангличката се додаваат солта, маслото, јогуртот, јајцето, ржаното брашно и постепено од белото брашно.
Се замесува средно, нелепливо тесто. Се остава 20 минути на топло да нарасни.
Тестото се дели на 18 топчиња.
Секое се расукува со големина на малецко тајнирче.
16 корички танко се премачкуваат со маргарин и се редат едно врз друго.
Се прават 2 купчиња со по 9 корички, само горната не се премачкува.
Сега од првото купче се расукува голема кора, се дели на 12 триаголници и се завиткуваат кифли.
Се редат во плех, се премачкуваат со изматено јајце, се солат со семки од сончоглед и се оставаат на топло 30 минути.
Се печат на 200 степени околу 25 минути, убаво да заруменат.