Мелено месо во кари
Состојки
- 500гр мелено телешко месо
- 2 лажици масло
- 40гр кари
- 500мл вода
- 4 компири
- 1 морков
- 250гр грашок
- 2 главици кромид
- 2 чешни лук
Подготовка
Кромидот и лукот ситно се сечкаат и се пржат во масло.
Кога ке омекнат во садот се додава меленото месо.
Откако ќе се испржи се додава карито, зачин и водата.
Компирите и морковот се сечат на коцки и се додаваат во садот.
Се додава и грашокот и се остава да врие.
Можете да искомбинирате со претходно изготвен ориз или брокули.