Испечати

Чоколадни колачи со брусница

Чоколадни колачи со брусница

Состојки

  • 70 гр млечно чоколадо
  • 70 гр шеќер во прав
  • 40 гр брашно
  • 20 гр какао
  • 2 белки
  • 1 паковка ванилен шеќер
  • 40 гр сува брусница
  • 3-4 капки јаболков оцет

Подготовка

Изматете ги белките со шеќерот во прав и ванилата.
Додадете неколку капки јаболков оцет.
Нека смесата се згусне и биде пенеста.
Додадете го претходно стопеното чоколадо, а потоа и какаото и брашното.
Пред самиот крај пуштете ја и брусницата.
Благо промешајте, па со лажица земајте и нанесувајте на хартија за печење.
Печете 15 минути на 150 степени.
На здравје!