Путер од ореви и крем ликер
Состојки
- 200 гр ореви
- 1 лажица мед
- 50 гр путер (на собна температура)
- 1 лажица ванила екстракт
- 1-2 лажици крем ликер
Подготовка
Денес ги подигнав првите награди од Мои Рецепти (Делимано Ростер тава 3 во 1 и Кујнски Сецко) и уште еднаш се заблагодарувам на сите од МР.
И бидејќи сум многу нестрплива веднаш го пробав кујнскиот сецко и направив малку поразличен путер-намаз од ореви од оној којшто обично го правиме дома.
Овој намаз може да се употреби со палачинки, крофни, со различни кремови и филови за торти и колачи или како додаток во најразлични десерти.
1. Оревите се ставаат во сецкото и ситно се мелат.
2. Потоа се додаваат путерот, медот, ванила екстрактот и ликерот и се заедно се меша додека состојките не се соединат.
* Јас ставив 3 лажци ликер и тој најмногу доминираше во целиот намаз. Советувам да ставите 1 лажица и откако состојките ќе се соединат пробајте го вкусот на намазот, па по желба можете да додате уште.
П.С. Кујнскиот сецко од Делимано е ОДЛИЧЕН!