Испечати

Кинеска салата

Кинеска салата

Состојки

  • 1 мала кинеска салатка
  • 1 краставица
  • 2 домати
  • 1 мала главица кромид
  • 200 гр пченка (замрзната или од конзерва)
  • Прелив
  • 4 лажици крем сирење
  • 2 лажици оцет Балсамико
  • 1 лажица сенф
  • по вкус сол
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка копар (свеж или сув)

Подготовка

Брза, лесна и многу освежителна салата со малку вкус.
1. Зеленчукот ситно се сецка и се става во длабок сад.
2. Во сад се мешат сите состојки за прелив да се добие хомогена маса
3. Преливот се истура врз зеленчукот и малку се меша
4. Врз салатата се поросува копар, многу е поубав вкусот ако копарот е свеж.