Испечати

Пудинг торта со пишкоти

Пудинг торта со пишкоти

Состојки

  • Прв крем фил
  • 150 мл слатка павлака
  • 150 мл млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 1 пудинг од лешник
  • 33 гр бело чоколадо
  • Втор крем фил
  • 150 мл слатка павлака
  • 150 мл млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 1 пудинг од шумско овошје
  • 33 гр бело чоколадо
  • Трет крем фил
  • 150 мл слатка павлака
  • 150 мл млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 1 пудинг од ванила
  • 33 гр бело чоколадо
  • Останати состојки
  • 320 гр пишкоти
  • млеко за натопување на пишкотите
  • За украсување
  • 100 мл слатка павлака

Подготовка

За да ја искористам слатката павлака која веќе ми беше отворена, си ја создадов оваа интересна и вкусна крем торта.

Подготовка
Павлаката се става на оган до вриење. Во млекото го раствораме пудингот и додаваме шеќер. Оваа смеса ја ставаме во слатката павлака и мешаме до згуснување. На крајот го додаваме чоколадото да се растопи. Со секој фил ја повторуваме постапката.
Пишкотите кратко ги топиме во млеко и ги редиме во тава со обрач бр. 22. Од крем пудинзите со лажичка ставаме наизменично за кога ќе ја сечеме тортата да ни е шарена, во секое парче да има од сите врсти на крем пудинг.
Откако тортата ќе се стегне, матиме слатка павлака. Го вадиме обрачот внимателно, ја премачкуваме со слатка павлака и ги редиме од страна пишкотите. Ја украсуваме со остатокот од слатка павлака која ја матиме со миксер ама внимаваме да не се премати.

Забелешка
Не чекајте да ви се изладат многу кремовите пред да ги наредите. Нека ви биде спремно тавчето со обрач и веднаш ставајте од направените филови зошто нема да ви се спојат ако сосема се изладат.
Потребно ви е 100 гр бело чоколадо кое го делите на три дела за во секој фил.
Еве уште една идеа, може да се ставаат крем пудинзите и еден врз друг, не мора како мене наизменично...