Кескул со нутела, мелени бисквити и лешници
Состојки
- Кескул
- 500 мл. млеко
- 40 гр. кокос
- 60 гр. брашно
- 80 гр. шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- Останато
- неколку лажици мелени бисквити
- неколку лажици нутела
- малку лешници и кокос
- 1 кесичка шлаг
Подготовка
Кескулот го подготвуваме на стандарден начин. Во тенџере ставете ги сите суви состојки, а потоа додадете го млекото и ставете на оган да се вари до згуснување. Оставете малку да олади, сепак да е течно и да може да се истура. Одберете декоративни чаши.
На дното истурете малку мелени бисквити, над нив нутела и врз нутелата од кескул кремот, потоа повторно слој мелени бисквити, па слој нутела и повторно од кескул кремот, најгоре ставете лажица изматен шлаг. А врз шлагот потпечени искршени лешници и потпечен кокос.