Испечати

Домашно засладено кондензирано млеко (начин 2)

Домашно засладено кондензирано млеко (начин 2)

Состојки

  • 1 и пол чаша млеко во прав
  • 1 и пол чаша шеќер
  • 1 чаша врела вода
  • 1 лажица путер (по желба)

Подготовка

Уште еден начин за домашно кондензирано млеко. Се прави буквално за неполни 5минути.
Се ставаат шеќерот и млекото во прав во блендерот и се додава врелата вода. Се блендира 5-6 минути. На крај се додава 1 лажица путер, но и не мора. Се чува во стаклена тегличка во фрижидер. Од оваа доза излегува 350-400мл кондензирано млеко.