Испечати

Торта со јаболка и ореви (посно)

Торта со јаболка и ореви (посно)

Состојки

  • 300мл врела вода
  • 250гр шеќер
  • 150мл масло
  • 100гр сецкани ореви
  • 2 рендани јаболка
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 1 лајче сода
  • 500гр брашно

Подготовка

1. Во врелата вода се става шеќерот, ванилата и се меша додека да се стопи.
2. Потоа се додава маслото, брашното, пецивото, содата и повторно се меша, да се добие средно густа смеса.
3. Потоа се додаваат јаболката и оревите и сето се меша со лажица, се тура во намаслено и набрашнето караванче бр.30.
4. Се печи на 180степени најмалку 20мин а по потеба и повеќе, да изврие добро.
5. Се украсува со шеќер во прав или по желба со посно чоколадо.