Слатки праски без печење
Состојки
- Смеса
- 250 гр шеќер во прав
- 250 гр мелени ореви
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 250 мл вода
- 1 шишенце екстрат од праска
- За декорација
- 30 каранфилчиња
- по потреба кристал шеќер
- 30 хартиени корпиња
Подготовка
1. Водата во тенџере на оган да зовирие.
2. Во водата се ставаат мелените ореви
3. Се додава ванилин-шеќер
4. Се додава шишенце екстрат од праска
5. Сите состојки убаво да е измешаат да се добие хомогена смеса. Се дели на 30 мали парченца од кои се обликуваат 30 мали топчиња како праски. (Ако сакате повеќе парчиња, правете ги праските помали).
6. Секоја мала праска се препелка во шеќер и на горниот дел се става по едно каранфилче како дршка.
Ако не можете да набавите екстрат од праска може за замена половина шишенце екстрат од малина и половина шишенце екстрат од круша.