Салата од морков и пиперки (зимница)
Состојки
- 4 кг ајварски пиперки
- 1 кг моркови
- 150 мл масло за јадење
- 400 мл бел оцет
- 70 гр јадра сол
- 80-100 гр шеќер
- 1 китка магдонос
- 3-4 чешниња лук
Подготовка
Подготовка
1. Пиперките се печат, лупат и сечкаат на коцки
2. Морковите се лупат и сечкаат на танки тркалца и се обаруваат околу 10 мин
3. Магдоносот се сече ситно
4. Морковите, пиперките и се останато се меша се заедно и се остава да отстои 1час
5. Целата смеса по 1 час се става на огин да се запржи малку (колку да се затопли целата смеса) и се собира топло во топли тегли.