Испечати

Кифлички со биено сирење

Кифлички со биено сирење

Состојки

  • Тесто
  • 1кг брашно
  • 2 коцки свеж квасец
  • 500мл млако млеко
  • 2 јајца
  • 3 мали филџани масло
  • половина лажиче сол
  • за полнеж
  • 250 гр биено сирење
  • за премачкување
  • 1 јајце
  • малку сусам
  • 100 гр путер

Подготовка

Се зафаќа квасецот и се меси меко тесто од наведените состојки. Се остава во топло да надојди. Тестото се дели на 6 дела и од секој дел се сучи округла кора дебела околу 5 мм. Кората се сечи на 6 дела од секој дел се формира кифличка во која се става листови на тенко исечено биено сирење. Се редат во плех на хартија за печење и се оставаат малку да надојдат. Секоја кифличка се премачкува со јајце, се поросува малку сусам и над секоја кифличка се става по една мала коцка путер. Се печат на 250 степени околу 15 до 20 минути. Ако не го сакате биеното сирење може да го замените со кашкавал подеднакво се убави.